Еден од најдобрите во историјата на фудбалот, Пеле, итно хоспитализиран во болница во Сао Пауло

Еден од најдобрите во историјата на фудбалот, Бразилецот Пеле е итно примен во болница во Сао Паоло. Медиумите пренесоа дека состојбата му била многу лоша. Веќе некое време боледува од рак на дебелото црвео и моментално терапиите не му помагаат, велат лекарите.  
Пеле во неколку наврати лежеше во болница каде му беше дадена хемотерапија. Неговата ќерка рече дека за разлика од претходно сега ситуацијата е многу сериозна. За потсетување, Пеле е единствениот играч во историјата кој три пати го освоил Светското првенство. Сè уште е најдобар стрелец на Бразил во историјата.

 

Scroll to Top