Бајден приреди вечера за Макрон и Бриџит во Белата куќа, дојдоа и голем број светски ѕвезди

Претседателот на САД, Џо Бајден, вчера во Белата куќа направи гламурозна вечера за францускиот претседател Емануел Макрон, а на забавата пристигнаа голем број светски ѕвезди меѓу кои и Бен Афлек и Џенифер Лопез, Џон Леџенд, Криси Тајген, Ана Винтор и многу други, пишува „Ројтерс“.

Вечерата беше направена во знак на почит на Америка кон Франција, најстариот сојузник, па дури и кога имаат различни мислења за војната во Украина, субвенциите за производство од САД, но и по други прашања, соопштија од Белата куќа.

Освен познатите на вечерата беа и членови од кабинетот на Бајден, законодавци, индустриски могули, како и првите дами Џил Бајден и Бриџит Макрон.

Пред вечерата, Бајден и сопругата беа со францускиот претседател и првата дама на дипломатски состаноци. Двајцата претседатели носеа свечени одела, додека Џил Бајден облече фустан од познатиот бренд „Оскар де ла Рент“, а Бриџит во креација на „Луис Витон“.

Scroll to Top