Навивачи ги исвиркаа Вилијам и Кејт на НБА натпревар во САД

Принцот Вилијам со Кејт Мидлтон беа исвиркани за време на НБА натпревар во САД. Двајцата се во посета на Америка, а се појавија на натпреварот меѓу Бостон Селтик и Мајами Хит. Беа во придружба на сопственикот на Бостон, градоначалникот и новоизбраната гувернерка. Седеа во првите редови, на паркетот.

Кога се појавија на главниот екран во салата навивачите почнаа да ги исвиркуваат и гласно да викаат САД. Медиумите пренесоа дека не биле премногу загрижени и дека продолжиле да се смешкаат. Иако требало да си заминат по третата четвртина, сепак останаа до крајот на натпреварот.

Како што пренесе „Дејли Мејл“, Кејт и Вилијам наводно биле исвиркани заради коментарите на лејди Сузан Хасеи. Таа беше кралската дворска дама и кума на Вилијам, а беше обвинета за расистички коментари за темната кожа на активистката за семејно злоставување, Нгози Фулани, на настан во Бакингемската палата.

„Од каде доаѓате? Од каде потекнуваат твоите луѓе? Кога првпат дојдовте овде? Од кој дел на Африка сте?“, ја прашала Сузан, Хасеи во вторникот вечерта. Подоцна си дала отказ, пренесоа медиумите. Извори блиски до судот велат дека тоа е понижувачки скандал за кралското семејство и потенцијална пијар катастрофа.

 

Scroll to Top