(Фото) Халид Бешлиќ направи концерт пред 20.000 фанови во Арената Загреб

По четири години пејачот Халид Бешлиќ одржа голем концерт во Арената Загреб. Салата беше преполна со 20.000 обожаватели. Атмосферата беше сјајна, а публиката танцуваше и ги пееше во еден глас неговите хитови. Делови од тоа што се случуваше на концертот сними и хрватскиот водител Далибор Петко.

Халид ги испеа неговите најголеми хитови „Романија“, „Во мене есен е“, а имаше и изненадуавња за публиката. Го повика на сцена глумецот Енис Бешлагиќ, со кого заедно ја пееја „Јас без тебе не можам да живеам“.

Заедно со Енис пееше и финалистот од „Ѕвездите на Гранд“, Ханад Џехверовиќ и пејачката Николина Ковач. Медиумите пренесоа дека билетите за големиот концерт во загрепската Арена биле распродадени еден месец пред концертот и дека Халид уште еднаш покажал дека е еден од најдобрите пејачи на народна музика.

За потсетување, неодамна на 27 ноември, за првпат одржа и концерт во Скопје, во преполната сала „Борис Трајковски“.

 

Дајте ми нова кошула, жива вода станав од пеење: Халид Бешлиќ направи и концерт и кафеанска журка во Скопје

 

Scroll to Top