Сè уште не закрепнавме по смртта на Халина Хачинс, сопругата на Алек Болдвин за трагедијата во Ново Мексико

Сопругата на Алек Болдвин, Хиларија, за првпат во интервју за Extru зборуваше за трагедијата што се случи за време на снимањето на филмот Rust во Ново Мексико. На сетот Болвин ја случајно ја застрела и усмрти снимателката Халина Хачинс со пиштол реквизит, а го повреди и режисерот Џоел Соуза.

„Не можеме да бидеме добро. Никој од нас не беше добро по тој ден“, призна Хиларија и додаде дека со сопругот немаат закрепнато.

„Тоа беше и е трагедија која никој не ни можеше да замисли дека може да се случи“, рече Хиларија.

Со неа на интервјуто беше и ќерката Иларија Каталина Ирена, која се роди во септември. За потсетување, ФБИ во август ја заврши истрагата според која заклучи дека актерот го повлекол чкрапалото на пиштолот со кој беше убиена Хачинс. И покрај тоа, Болдвин во повеќе наврати рече дека не е виновен.

Во октомври годинава беше договорена спогодба, а износот досега ниту една од страните го нема објавено. Со спогодбата заврши цивилната тужба која ја покрена семејството на Хачинс против Болдвин.

 

Scroll to Top