Тијана Дапчевиќ поради проширени вени направи операција на нозете кај доктор Дарио Јоциќ во Белград и за овој проблем јавно прозборе. Откако ѝ се јавиле бројни компликации, раскажува за Репортер, единствено решение било да направи ласерска операција на вените.
„Имав крофни на нозете. Ми отекуваа, имав страшни грчеви од кои се будев ноќе, болки, сè ова ми пречеше физички, но тоа беше и естетски проблем. Ова беше ласерска операција и единствен кој ова го прави во регионот е доктор Дарио Јоциќ. Тоа е ласерска, трае околу 40 мин. на двете нозе и потоа си одиш дома. Среќа, нема лежење по болници“, вели Тијана во разговор за „Репортер“.
Таа вели дека тоа е ситуација кога ќе ти попушти ѕидот на вените и дека кога направиле доплер докторот ѝ рекол дека требало ова да го направи уште пред една година.
„Секогаш на шега ѝ велам на мајка ми дека од неа не ги наследив куќата и нивите, туку проблемот со вените“, се шегува рече Тијана.
Операцијата ја направила под анестезија, а пред да заспие им запеала на докторите. Сега, вели таа, се чувствува послободно, затоа што решила голем здравствен, но и естетски проблем. „Сега можам да носам и кратки фустани“, рече Тијана.