Тајконаутите во мисијата „Шенџоу-14“, Чен Дунг, Лиу Јанг и Цаи Сјуџе, се вратија безбедно на земјата во неделата вечерта, по шестмесечната мисија во орбиталната вселенска станица на Кина. Тамошните медиуми пренесоа дека сите се во добра состојба и дека успешно ја спровеле мисијата.