(Видео) Хрватската навивачка Ивана Кнол гостинка во шоуто на Пирс Морган: мојата облека нема врска со навреда на катарската култура

Ивана Кнол, најпознатата хрватска навивачка, се појави во шоуто на Пирс Морган каде зборуваше за критиките за нејзината облека што ја носи на трибините во Катар. Таа во шоуто се појави во градник кој ги имаше боите на хрватското знаме и рече дека откако пристигнала во Катар, не добила ниту еден негативен коментар за нејзината облека.

На прашањето на Пирс дали наишла на отпор на минијатурните комбинации во муслиманска земја, Ивана одговорила: „Не, да бидам искрена. Бев многу изненадена, многу среќна. Катарците ја прифатија мојата облека. Со мене се сликаат и жени и деца“.

Во емисијата беше и катарски бизнисмен Мохамед Хасан ал Џефаири кој разговараше со Пирс во истата емисија. Тој минатата недела предизвика дебата на Твитер кога го критикуваше појавувањето на Ивана на трибините. Затоа Пирс го поканил Мохамед во неговото шоу, за да објасни што сакал да каже со неговата критика.

„Се надевам дека Светското првенство е можност за Ивана, како и за другите странски навивачи, да дознаат повеќе за катарската култура“, рече тој и додаде дека никој нема да биде доволно храбар директно да и се спротивстави на нејзиниот избор на облека.

Катарскиот бизнисмен и понуди на хрватската навивачка да облече традиционален катарски фустан, бидејќи и во него би изгледа добро.

Ивана му одговорила на Пирс дека нејзината облека нема врска со навреда на катарската култура и додала дека мештаните и потврдиле дека за време на турнирот може да се облекува како што сака.

 

Scroll to Top