Додека уличен уметник среде Загреб свирел и ја пеел песната „Ако те питају“ од хрватскиот пејач Петар Грашо, на младото момче му се приклучил и пејачот кој случајно бил во негова близина.
„Петар Грашо го слушна како ја пее неговата песна и истрча по патот за да му се придружи“, изјавил очевидец за хрватски 24 сата.
„Уличниот музичар беше воодушевен. Беше малку шокиран што му се придружи Грашо. Беше навистина многу убаво“, изјавил друг очевидец на моментот.
Случаните минувачи спонтано се собрале околу младиот уметник и Петар Грашо додека заедно ја пееле песната. Откако ја испеале песната, уличниот музичар и Петар се прегрнале.