Џеј Ло и бившата сопруга на Бен Афлек ќе си разменат подароци за Божиќ

Пејачката Џенифер Лопез (53) и бившата сопруга на Бен Афлек (50) Џенифер Гарнер (50) се во многу добри односи, што дури ќе разменат божиќни подароци, изјавил извор за „Холивуд лајв“.

Иако се шпекулираше дека бившата сопруга и сегашната сопруга на Бен не се согласуваат баш најдобро и дека Гарнер не се радува на заедничките семејни одмори, изворот близок до нив тврди дека нивната врска е сè подобра. Ќе си разменуваат божиќни подароци, одлично се согласуваат. Меѓу нив има заемна почит, заради децата. Тие се толку среќни и затоа сè функционира, рекол изворот.

Изворот исто така додал дека Лопез е особено благодарна што нивното пријателство уште повеќе пораснало во текот на изминатите неколку месеци и тврди дека двете се зближиле откако Бен и Џеј Ло ја обновиле врската.

Да потсетиме дека Лопез го дели старателството над двете деца, близнаците Ема и Макс (14) со нејзиниот поранешен сопруг Марк Ентони.

Афлек има три деца од бракот со Гарнер, ќерките Виолет (17) и Серафина (13) и синот Семјуел (10).

Scroll to Top