Илма Карахмет (22), пејачката која јавноста ја запозна по учеството во шоуто „Икс фактор“, има нова балада, „Гинем поносно“. Автор на песната е Бане Опачиќ, а аранжманот е на Марио Пајиќ. Со оваа песна Илма го најавува својот прв албум на кој работи во изминатите три години.
„Горда сум на нашата досегашна соработка и навистина сум среќна што секој пат успеваме да ги поместиме границите што претходно ги поставивме. Денес е многу тешко да се дојде до квалитетна и добра песна, но со Бане ни се поклопија енергиите. Сите ние кои се занимаваме со оваа работа често се наоѓаме во ситуација да се прашаме што да се сними и каква песна да се избере. Бидејќи не трчам по трендови, сакам да го градам својот стил по кој многумина веќе ме препознаваат“, вели Илма.
И реакциите на публиката се одлични, а коментарите на Јутјуб се дека ова е најубавата песна на Илма до сега.