Актерката од серијата „Емили во Париз“ првпат прозборе за борбата со леукемијата

Актерката на хит-серијата „Емили во Париз“, Ешли Парк, во интервју зборуваше за периодот кога ѝ  била дијагностицирана акутна миелоидна леукемија на 15-годишна возраст.

Актерката откри дека кога ѝ била дијагностицирана болеста  влијаела на нејзиниот пристап кон здравјето и животот. Иако сега има 31 година, таа закрепнала откако поминала речиси една година во болница каде била подложена на ригорозна хемотерапија како тинејџерка. Парк вели дека тоа што ѝ било кажано што смеела, а што не да прави во тие критични моменти била нејзината најголема мотивација.

„Штом ракот физички го напушти моето тело, мојата мисија беше да не дозволам да влијае на мојот живот. Не сакав тоа да влијае на мене. Луѓето беа многу загрижени за мене, а јас станав личност која има само една мисла во мојата глава: Добро сум. Не грижи се за мене. Ќе правам што сакам“, изјави таа во интервју за дигиталниот магазин „Шејп“.

Инаку, трета сезона на „Емили во Париз“ пристигнува на Нетфликс на 21 декември.

 

Scroll to Top