Актерката и модел Џорџија Холт почина на 96 години. Веста за нејзината смрт на потврди нејзината ќерка Шер.
„Мама ја нема повеќе“, напиша Шер на Твитер и се прости од мајка си.
Пред неколку месеци Шер кажа дека нејзината мајка завршила во болница поради пневмонија и други здравствени проблеми, но дека се чувствува подобро.
Џорџија Холт е родена 1926 година и во младоста била успешна актерка, пејачка и манекенка. Се мажела шестпати. Од бракот со Џон Пол Саркисан ја добила ќерката Шер, а од бракот со Џон Саутал ја добила ќерката Георгана Ла Пјер. Од 1976 година, па сѐ до крајот на својот живот, Холт беше во врска со Крег Спенсер.