Бакингемската палата ја објави првата божиќна и новогодишна честитка на кралот Чарлс Трети како монарх

Бакингемската палата во неделата објави фотографија од првата божиќна честитка на кралот Чарлс Трети како монарх. Фотографијата е направена во Шкотска, а на неа е со неговата сопруга Камила.

Двајцата присуствуваа на традиционалните игри во спорт и танц во Браемар, село кое се наоѓа на стотина километри западно од градот Абердин, кој е во близина на кралската летна резиденција Балморал.

Фотографијата која ја одбрале Чарлс и Камила е снимена на 3 септември, недолго по неговото доаѓање на престолот. За потсетување, кралицата Елизабета, која годинава за првпат во своето 70 годишно владеење го пропушти настанот, почина неколку дена подоцна.

 

Scroll to Top