Кристијано Роналдо се најде во центар на внимание додека седеше на клупа на натпреварот против Мароко на Светско. Прво еден навивач се обиде да влезе на терен и да скокне на него, а друг успеа да седне зад клупата на Португалија и да му фрли шише вода.
Обезбедувањето на почетокот не реагираше, додека некои девојки и навивачи на Португалија прво се обидоа да го спречат, а потоа ги повикаа и редарите за да го исфрлат.
Тие го снимија, бразилскиот навивач кој фрли со шише вода, додека тој се бранеше дека не направил ништо лошо. На крајот беше избркан од стадионот. Од ФИФА веројатно ќе му забранат и да ги гледа останатите четири натпревари до крајот на првенството.
— Mariel (@malasirena111) December 12, 2022