Ник Картер од „Бекстрит Бојс“ одговори на обвинувањата за силување, со девојката манипулира нејзиниот адвокат, таа со години зборува против мене

Пејачот од групата „Бекстрит Бојс“, Ник Картер, се огласи откако аутистична девојка со име Шенон Шеј Рут јавно го обвини дека ја силувал кога била малолетна. Неговиот адвокат Мајкл Холц, за обвинувањата рече дека се невистини и дека со Рут манипулирал нејзиниот адвокат кој ја терал да дава вакви изјави.

„Тврдењата за инцидентот кој наводно се случил пред 20 години не се само законско бесправни, туку и невистинити. За жал неколку години со госпоѓата Рут се манипулира за да дава вакви лажни изјави и обвинувања за Ник, кои од почетокот секој пат се менуваат“, рече Холц и додаде дека ова е само медиумски трик кој е оркестиран од страна на нејзиниот опортунистички адвокат.

„Не постои ништо тука и судот тоа брзо ќе го утврди“, додаде тој.

За потсетување, Рут, која денес има 39 години, неодамна одржа конференција за медиумите, во која го обвини Картер дека ја силувал кога таа имала 17 години.

Тврди дека ѝ дал нешто за што таа мислела дека било алкохол, а го нарекол „ВИП сок“. Потоа ја принудил на орален секс. Шенон објасни дека прво имале секс во купатилото во неговиот автобус со кој одел на турнеја, а потоа се префрлиле на кревет.

„Последните 22 години беа исполнети со болка, збунетост, фрустрација, срам и самоповредување, кои се последица на тоа што Картер ме силуваше“, рече Шенон и додаде:

„Иако сум аутистична и живеам со церебрална парализа, верувам дека ништо не влијаеше на мене немаше трајно влијание врз мојот живот, од тоа што Ник ме натера да го направам.

Нејзиниот адвокат рече дека уште три анонимни жени поднеле тужби против Ник.

 

Scroll to Top