Хороскоп за 13 декември: добри вести за лавот, романтичен состанок за стрелецот

Овен
Работа: Можни се проблеми во комуникацијата со блиските соработници. Сега не е време за тоа. Љубов: Доколку сте во емотивна врска, треба да покажете малку поголема толеранција кон партнерот. Здравје: Проблеми со синусите.

Бик
Работа: Проблемите на работното поле се таложат, но вие се уште не правите ништо за да ги решите. Љубов: Добро се забавувате и убаво ви е со сегашниот партнер. Не размислувате за авантури. Здравје: Настинка

Близнаци
Работа: Немате храброст да се соочите со деловните проблеми. Мора да бидете посилни и порешителни. Љубов: Некои тешкотии во семејниот план влијаат на љубовниот живот. Имате многу сомнежи. Здравје: Потребни ви се повеќе часови квалитетен и долг сон.

Рак
Работа: Го давате својот максимум во бизнис планот и смислувате позитивни решенија од кои сте задоволни. Љубов: Саканата личност ви прекорува што сте ја запоставиле поради работата. Обидете се некако да најдете време за неа. Здравје: Прекинете со цигарите!

Лав
Работа: Се плашите дека некој се обидува да ја преземе вашата деловна позиција. Работете дополнително на вашите интереси. Љубов: Очекувајте добри вести од саканата личност. Можно е да бидете задоволни од случувањата. Здравје: Намалете го внесот на алкохол.

Девица
Работа: Сомнеж помеѓу две различни деловни понуди. Се препорачува да го изберете оној кој е финансиски посигурен. Љубов: Партнерот во последно време се чувствува запоставено, како да ги ставате сите други луѓе пред него. Здравје: Можен проблем со слухот.

Вага
Работа: Имајте ги предвид преголемите трошоци што ги правите. Прилив на пари речиси и да нема. Љубов: Доколку сте слободни, ве очекуваат многу нови познанства, флертувања и интересни настани на љубовно поле. Здравје: Проблеми со варењето

Шкорпија
Работа: Забележувате некои неправилности во бизнисот со кој се занимавате, некој го заобиколува законот, а вие не знаете како да реагирате. Љубов: Можете да очекувате интересен љубовен предлог од саканата личност. Здравје: Чувствителен стомак.

Стрелец
Работа: Имате многу идеи и желби, фантазирате, но во бизнисот сте многу пасивни. Љубов: Предложете му на вашиот партнер романтичен состанок, прошетка, романтична вечера или патување во театар или кино. Здравје: Стресот ви предизвикува здравствени проблеми.

Јарец
Работа: Можно е да добиете некоја нова интересна деловна понуда. Љубов: Ве мачи љубомората на партнерот и мислите дека тој претерува. Немаш проблем тоа отворено да го кажеш. Здравје: Склони сте на претерување на масата. Намалете ги порциите.

Водолија
Работа: Ја чекате вистинската можност за важен разговор со претпоставените. Поставете се на вистинскиот начин, можете да очекувате подобрување. Љубов: Ситуацијата на љубовен план постепено се подобрува. Уживате во пријатни моменти. Здравје: Проверете ја тироидната жлезда.

Риби
Работа: Доколку не најдете рамнотежа меѓу многу обврски, ќе имате проблеми. Не сте добро организирани. Љубов: Несигурни сте и затоа сите пофални зборови ви доаѓаат како мелем на раната. Здравје: Намалете го внесот на масна и зачинета храна.

Scroll to Top