Композиторот Анџело Бадаламенти почина на 85-годишна возраст, пишува „Холивуд репортер“.
Публиката најмногу ќе го памети по музиката за серијата „Твин Пикс“ и филмовите „Синиот сомот“ и „Булевар на ѕвездите“. Во својата долга кариера, тој соработувал со Дејвид Боуви, но и со режисерот Дејвид Линч.
Причината за смртта на Бадаламенти сè уште не е објавена.