Бившата девојка на Хари, реалната ѕвезда Кетрин Омани, во разговор со водителот Пирс Морган во неговата емисија Uncensored, рече дека принцот не е истиот од времето кога биле заедно. Објасни дека не можела да го препознае и дека Меган му има фрлено некаква магија.
Кетрин рече дека откако излегол документарецот за нив двајца, принцот немал никаква приватност и слобода, нешто што го ценел додека тие биле заедно.
„Не можам повеќе да го препознаам. Си ја сакаше приваноста и слободата, а со снимањето на серијата се случува спротивното. Сега нема никаква приватност и ја нема таа слобода како порано. Кога ја гледав си помислив дека Меган му има фрлено некаква магија. Затоа и не можам да го препознаам. Претходно беше приземен и нормален. Во него не останало ништо од она каков што го познавав“, рече Кетрин.