Милчо Манчевски ќе биде претседател на меѓународното жири на „Софија филм фест“

Македонскиот режисер Милчо Манчевски ќе биде претседател на „Софија филм фест“, каде што ќе биде претставена и целосна ретроспектива на неговото творештво. Публиката на фестивалот ќе може да ги види неговите седум долгометражни филмови и два од краткометражните.

Во 1995, во програмата на СФФ беше прикажано дебито на Манчевски, „Пред дождот“ (кој освои номинација за Оскар и 11 награди во Венеција, вклучувајќи го и Златниот лав), а во 2020 тој повторно гостуваше во Софија за да го претстави својот филм „Врба“ кога доби и специјална награда на СФФ.

Во рамките на фестивалот, кој ќе се одржи од 16 до 26 март, ќе биде прикажан и најновиот филм на Манчевски, црната комедија „Кајмак“.

„Кајмак“ е најгледаниот македонски филм годинава, а имаше светската премиера на Токискиот филмски фестивал.

Минатата недела Манчевски беше претседател и на жирито на меѓународен фестивал во Рим.

Scroll to Top