Дешамп не е во добри односи со Бензема, па затоа не го сака во тимот на Франција за финалето, тврди познат шпански новинар

Франција стигна до финалето на Светското првенство без официјално најдобриот светски фудбалер, Карим Бензема. Иако се мислеше дека станува збор за повреда, сепак селекторот Дидие Дешамп не го играше досега затоа што не се во добри односи, тврди познатиот шпански новинар Серхио Валентин.

Иако Бензема веќе некое време тренира со Реал Мадрид, а шпанскиот клуб и му дозволија да ја гледа Франција во финалето со Аргентина. Сепак тоа нема да се случи.

„Нешто се случува меѓу Дешамп и Бензема. Тоа може да се види и во јавноста. Особено по победата над Мароко во полуфиналето. На молбата од новинарите да го врати Бензема во тимот за финалето, селекторот покажа дека се чувствува непријатно кога го прашуваат за тоа. Не сакаше да одоговри и побара од новинарите да го прашаат нешто друго. Тоа зборува дека Бензема не си замина од Франција по своја волја и повреда, туку дека е исфрлен“, рече Валентин и додаде дека ваквата ситуација само дополнително ја разбранувала добрата атмосфера во репрезентацијата пред најважниот натпревар.

Французите досега добро го чуваа мирот во репрезентацијата, затоа што досега за ова не се зборуваше, но интересно е тоа што Бензема ќе стане светски шампион, ако неговите соиграчи ја освојат титулата во Катар. Дешамп досега не го пречкрта од списокот, но и покрај тоа, тој не е во кампот.

„Бензема е огорчен од односот со Дешамп. Не разбира зошто добива таков третман. По првите тренинзи во Катар виде дека не се опоравил целосно од повредата и затоа му рече дека е вистинска штета што не може да игра“, рече Валентин и додаде дека овие информации ги добил од друг фудбалер на Франција.

За потсетување Дешамп досега го менуваше списокот многупати. Во последен момент поради повреди испаднаа Кимпембе и Нкунки, а пред нив уште еден куп одлични фудбалери. Откако Бензема не беше во прв план, во вистинско светло се покажа Оливие Жиру, кој стана најдобар стрелец во историјата на тимот. 

 

Scroll to Top