Кралското семесјтво за божиќниот концерт во Лондон се облече исто

Принцот Вилијам и семејството беа гости на свечениот божиќен кралски настан кој го организираше неговата сопруга, Кејт Мидлтон.

Кралското семејство имаше исти модни комбинации, дамите беа облечени во долги бордо палта со слични нијанси, додека Вилијам и Џорџ носеа костуми и долги зимски капути. Додека нивниот помал брат, 4-годишниот принц Луис, остана дома.

Кејт и Вилијам им се придружиле кралот Чарлс III и неговата сопруга Камила.

Кејт втор пат е домаќинка на концертот за Божиќната песна спонзориран од Кралската фондација и има посебно значење за кралското семејство.

На овој настан присуствувале и родителите на Кејт, Керол и Мајкл Мидлтон, како и нејзината сестра, Пипа.

Scroll to Top