Жељко Бебек денеска го слави својот 77. роденден. Сопругата на Бебек, Ружица објави неколку семејни фотографии на Инстаграм и покажа дел од роденденската атмосфера.
„Среќен роденден љубов моја“, напиша таа на објавата.
Двојката се венча во 2002 година во Дубровник. Тие се запознале на еден од концертите на Бебек, кога Ружица му пришла и побарала заедничка фотографија.
Пејачот пред Ружица беше во брак двапати и од првиот брак има две деца, додека со Ружица има уште две, ќерката Катарина и синот Звонимир.