Евтанизирана е познатата холивудска мачка во Лос Анџелес

Познатата пума наречена „Холивудска мачка“, која се насели во центарот на Лос Анџелес и стана симбол на урбаниот притисок врз дивите животни, е еутаназирана, објавија вработените во Одделот за заштита на фауната во американската држава Калифорнија.

Дивата мачка, стара околу 11 години, се шетала во височините на Холивуд и околу познатиот огромен билборд со буквите на планината, од каде го добила прекарот, а во саботата била еутанизирана.

Официјални лица од Одделот за риби и диви животни во Калифорнија изјавија дека одлуката за еутаназија на дивата мачка била донесена откако ветеринарите утврдиле дека има фрактура на черепот и хронични заболувања кои вклучуваат инфекции, болести на бубрезите и црниот дроб.

Животното стана заштитно лице на кампањата за изградба на премин за диви животни преку автопатот во Лос Анџелес, за да се овозможи безбеден премин на дивиот свет, како што се пуми, којоти, елени, меѓу блиските планини Санта Моника и северните села.

На почетокот на декември полицијата одлучила да ја уапси поради нејзиното непредвидливо однесување, кое можеби било последица на удар од возило.

Пумата беше фатена во двор во богатиот кварт Лос Фелиз во Лос Анџелес на 12 декември, еден месец откако уби чивава.

Scroll to Top