Македонецот Мартин Саздов од Свети Николе се најде на 82. место на листата за „Најбогатите играчи на е-спорт 2022 година“ со заработка од 1,7 милиони долари.
На оваа листа се наоѓаат е -играчи со милионски заработки од најразлични земји од светот. Најголем број од нив се играчи на „Дота 2“ но и на други е -игри.
На прво место е Јохан Сундстеин од Данска со заработка од 9 милиони долари.
Само во 2021 година повеќе од 240 милиони долари им беа доделени на повеќе од 5.100 турнири.
Мартин Саздов – Сакса и неговиот тим Тундра Еспортс го освои трофејот на Светското првенство во Дота 2. Професионалниот македонски е -спорт играч во финалето го победи Тимот Сикрет со 3 наспрема нула.
Македонскиот тим и светски првак Тундра Еспортс добија 8,5 милони долари од вкупниот награден фонд од 19 милиони американски долари.
https://www.youtube.com/watch?v=idk-UYCGdOc