Овен
Без разлика на тоа што некои работи се случуваат многу побавно отколку што планиравте, сепак, сте задоволни. Си ја работите својата работа и си го гледате својот живот. И со партнерот сте во добри односи.
Бик
Уживате во убави работи. Фантазијата ви е главна движечка сила. Затоа, фантазирајте, но внимавајте да не се изгубите во тој нереален свет. Љубовта цвета. Партнерот ве опсипува со неограничена љубов.
Близнаци
Бидејќи добро функционирате, се советува конкретна акција. Повеќе ви одговара да зборувате и да ги раскажувате своите љубовни јадови, кои и ги нема, но сами си ги создавате. Деновиве ќе добиете материјална добивка.
Рак
Сентиментално сте расположени и имате желба на сите да им помогнете. Сепак, обидете се да направите дистанца, со оглед на тоа дека сте емпатични, односно уживате во туѓите проблеми.
Лав
Ситуацијата се менува континуирано, од час во час. Моментно сте задоволни и оптимистички расположени. Машките припадници на овој знак ќе тргнат во освојувачки потфати.
Девица
Тргнувате во конкретна акција. Мислите дека таа акција ќе ви ги подобри работните услови, но грешите. Како Казанова ќе тргнете во нови љубовни освојувања. Само еднаш се живее.
Вага
Ситуацијата во која се наоѓате е толку комплицирана што никако не ви поаѓа од рака да се приспособите. Бидејќи би требало да бидете флексибилни, а не сте, ќе морате да ги сносите последиците.
Скорпија
Се обидувате да ги средите емоциите, но тешко ви поаѓа од рака. Морате да ја разберете ситуацијата и да ги земете предвид сите околности. Само така ќе ги избегнете нервозните ситуации, комбинирани со агресија.
Стрелец
Насочени сте кон убави работи, љубов и уметнички доживувања. Иако среќата кратко трае, ќе биде слатка бидејќи ќе почувствувате големо задоволство. Ви се враќа самодовербата и на работен план.
Јарец
Имате можност да креирате доживувања, па ќе се чувствувате добро. Не сте ни свесни дека сте во фантастична ситуација и дека на непријатните доживувања можете да влијаете. Одличен период.
Водолија
Уживате во популарност и среќа. Денот е создаден за љубов, па доколку саканото лице се’ уште не ја изјавило љубовта сега е вистински момент. Ќе ве понесе бран на чувства и нежност.
Риби
Можни се проблеми со спиењето и нервна раздразливост. Мислевте дека ви е потребна осаменост, но сфативте дека ми доволно од неа. Не дозволувајте да ве обземат лоши мисли, туку тргнете во освојување.