Познатиот светски готвач, Салт Бае и покрај тоа што не му беше дозволено, по финалниот натпревар меѓу Франција и Аргентина го зема трофејот и го бакна. Многумина негодуваа и му замерија на турскиот готвач, бидејќи само неколкумина избрани луѓе им е дозволено да го допрат пехарот.
Бае не е единствениот кој го прекрши ова правило. Претходно во 2014 година, истото го направи и пејачката Ријана, откако го зема трофејот за време на победничката забава на германската репрезентација. На истата забава, сопругите, партнерите, девојките и децата на победничкиот тим го допреа овој трофеј.
За потсетување, дозвола да го допрат имаат само победниците на Светското првенство и шефовите на државите. Според ФИФА, истиот е направен од 18-каратно злато и се проценува на околу 20 милиони американски долари.
View this post on Instagram