Илон Маск ќе се повлече од функцијата извршен директор на Твитер штом најде негова замена. Милијардерот во изјава вели дека тоа ќе го направи веднаш штом најде некој доволно глупав да ја прифати работата. И покрај повлекувањето од оваа позиција, ќе продолжи да работи со тимовите за софтвер.
Маск ќе го исполнува ветувањето кое го даде пред корисниците на Твитер, каде преку јавна анкета изгласаа заминување на Маск од оваа компанија. 57,5% од корисниците што ја пополниле анкетата гласале тој да си замине од функцијата.
Според Маск, да најде нов директор ќе биде вистински предизвик.
„Никој не ја сака работата што може да го одржи Твитер во живот“, напиша тој на Твитер по објавувањето на анкетата. Засега постојат шпекулации дека е можно Џек Дорси да се врати врати на позицијата да ја води компанијата што ја напушти во ноември 2021 година.
По купувањето на Илон Маск на Твитер, тој отпушти половина од вработените и се обиде да внесе новости преку опцијата за верификација со платена цена.
Маск се соочи и со осуди од Обединетите нации и Европската Унија за неговата одлука да ги суспендира профилите на некои од новинарите што известуваат за него.