Легендарниот германски тенисер Борис Бекер минатиот четврток беше пуштен од затворот во Британија и екстрадиран во Германија. Тој во ексклузивно интервју вели дека во затворот бил само број и таму ја научил тешка лекција во животот. Бекер беше осум месеци во затвор за затајување данок. Се збори дека за интервјуто добил околу 435.000 фунти
„Во затворот сте никој и ништо. Само бројка. Мојот број беше A2923EV. Моето име не беше Борис, јас бев само број. Никој не се грижеше кој сум јас“, изјави Бекер
Греманскиот тенисер опиша деталите во пресрет на излегувањето од затвор.
„Седев на работ од креветот од шест часот наутро и се надевав дека вратата ќе се отвори. Дојдоа во осум и пол, ја отклучија вратата и ме прашаа дали сум подготвен. Реков, ајде да одиме. Веќе бев спакуван “, изјави легендарниот германски тренер и тенисер.
Бекер во април оваа година беше осуден во Лондон на 30 месеци затвор за криење на имотот за да избегне плаќање долгови.
„Повторно ја открив личноста што сум. Научив тешка лекција. Беше скапо и болно. Некои работи се случуваат со причина”, рекол Бекер.
Германскиот ртенисер во кариерата освои 49 титули во сингл, вклучувајќи и шест гренслем трофеи.