Поранешната американска тенисерка Рејчел Штулман се повлече од спортот за да стане инфлуенсерка. Таа ја заврши играчката кариера и им се посвети на социјалните мрежи. Целта ѝ е да стане инфлуенсерка и да собере повеќе фанови на „Инстаграм“.
31 годишната Рејчел не беше успешна во тенисот и одлучи дека е време да се пензионира и да им се посвети на други работи во животот. Многумина ги изненади со одлуката да ја заврши кариерата иако на почетокот не откри зошто тоа го прави.
View this post on Instagram
Пред неколку дена се јави и објасни дека сака да стане инфлуенсерка и максимално се има посветено на „Инстаграм“, каде заработува повеќе пари од тенисот. Ја следат повеќе од 261.000 луѓе, а целта ѝ е да собере милион пријатели за да може да има подобри спонзорски договори.
Со изгледот и провокативните фотографии, особено е миленик на мажите, а вели дека секој ден добива поголем број фанови.
„Мислам дека секоја жена треба да го слави телото без разлика на сè. Сакам да ги охрабрам жените, а не да им ја срушам самодовербата, ако се чувствуваат лошо и не изгледаат како мене“, рече Рејчел за „Сан“.
View this post on Instagram
Рејчел им порача дека не е важен само изгледот и дека сака да ги инспирира и другите жени повеќе да се посветат на нега на телото.
„Не ми е важен само изгледот. Сакам да ги инспирирам другите жени да почнат да тренираат. И понатаму го сакам тенисот, но време е да им се посветам и на другите работи во животот“, рече Рејчел.
Со тенис почнала да се занимава уште од пет години, а професионалната кариера не ѝ е толку привлечна како што очекувала.
View this post on Instagram
„знаев дека сум доволно добра да бидам меѓу професионалците. Сепак сметам дека ми требаат пет до седум години да дојдам на врвот и не сакав да го живеам начинот на живот што доаѓа со тој спорт и да ја давам сета таа жртва, играјќи на мали турнири и животот да ми мине во автомобил“, рече Рејчел.
„Што се однесува на тениската кариера доста работев и време ми е за други работи. Го обиколив светот благодарение на овој спорт и за тоа сум благодарна. Сега сакам да се промовирам себе си и да заработувам за повеќе компании. Сега за сега добро ми иде“, рече Рејчел.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram