(Видео) За прегратката со Нејмар, синот на Перишиќ доби признание од ОН за допринес во ферплеј

Синот на хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ, Лео, доби признание од Обединетите нации за ферплеј и покана за настанот отворање на прошетката, наречена „Прошетка од нула“, која се одржува со цел исполнување на целите за одржлив развој на Обединетите Нации.

Медиумите пренесоа дека Перишиќ сега има уште една причина за славје покрај бронзата која ја освои на Светското во Катар. Син му го доби посебното признание со убавиот и искрен гест, по натпреварот меѓу Хрватска и Бразил, кога на теренот го прегрна и го тешеше Нејмар.

Со потегот Лео го воодушеви светот, а и претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ, која го пофали.

„Една од ѕвездите на Светското во Катар е и Лео, синот на Иван Перишиќ“, рече Колинда по мечот со Бразил. Иван го сподели видеото од син му со Нејмар и му се заблагодари на Бразилецот.

За потсетување, со сопругата Јосипа, ја имаат и осумгодишната ќерка Мануела и синот Лука кој го добија оваа година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivan Perišić (@ivanperisic444)

Scroll to Top