Научна студија ја реши дилемата околу тоа дали Џек можел да го преживее потонувањето на Титаник

Расправата за тоа дали Џек требало да умре или можел да преживее ако Роуз малку се поместела и му направила место на пловечката врата, го потикна режисерот на филмот „Титаник“, Џејмс Камерон, да направи научна студија.

Кога пред 25 години во кината почна да се прикажува филмот, многумина почнаа да се прашуваат дали еден од главните ликови, Џек, морал да умре или постоела мала шанса да се спаси.

Низ годините се водеа голем број расправи околу таа сцена. Некои тврдат дека немало никакви шанси, други пак дека можел да преживее ако се качел на вратата на која пловела Роуз.

За да еднаш засекогаш стави крај на овие расправи, режисерот Камерон во соработка со научници, направил вистинска научна студија за да добие научно темелен одговор.

„Направивме научна студија за целата оваа дебата ја затвориме и да ѝ ставиме колец во срцето засекогаш“, рече Камерон во разговор за Toronto Sun, додека го промовираше својот најнов филм Avatar: The Way of Water. „Направивме темелна форензичка анализа со експерт за хипотермија, кој го репродуцираше сплавот од филмот“, рече Камерон и додаде дека во февруари планира да направи нешто посебно на него.

Земавме двајца каскадери кои тежеа исто како Кејт и Лео и им ставиме сензори по телото. Потоа ги ставивме во ледена вода. Ги тестиравме дали можат да преживеат со помош на разни методи. Одговорот е дека немаше шанси двајцата да преживеат. Само еден можеше да преживее“, рече Камерон.

„Тоа е сè што знаеме за студијата и резултатите. Барем засега. Можеби во февруари ќе ги дознаеме точните детали“, додаде режисерот.

За потсетување, низ годините се поставуваше прашањето дали Џек мораше да умре. Тоа му го поставија и на главните ликови, Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет. Додека Ди Каприо одбивал да одговори, Винслет била убедена дека можеле да се стиснат на сплавот и заедно да преживеат.

Од друга страна, Камерон рече дека смртта на Џек била клучна за приказната.

„Мораше да умре. Баш како во Ромео и Јулија. Тоа е филм за љубовта, жртвата и смртноста“, рече Камерон и додаде дека се надева дека оваа научна студија еднаш засекогаш ќе стави крај на дебатата за оваа спорна сцена.

Scroll to Top