Ким Вајлд (62) ги шокираше фановите објавувајќи изјава во која откри дека се разделла од својот сопруг Хал Фаулер по 25 години брак.
Заедничката изјава, која Ким ја сподели на нејзиниот Твитер профил, гласи: „Ким Вајлд и Хал Фаулер сакаат да објават дека пријателски се разделија минатата година и сега се разведени“.
Ким и Хал кои имаат деца заедно, Хари (24) и Роуз (22) изјавиле дека нема трета страна вклучена во нивната одлука за разделба во 2021 година и дека сè уште се во добри односи.
„Не се вклучени трети страни. Тие остануваат во добри односи и си посакуваат само најдобро еден на друг во следните фази од нивниот живот. Нема да има дополнителни коментари или изјави“.
Помалку од 18 месеци откако се венчаа, Ким го роди синот Хари во јануари 1998 година, а Роуз пристигна две години подоцна во јануари 2000 година.
Ким се прослави кога нејзиниот деби-сингл Kids in America во 1981 година – напишан од нејзиниот татко Марти Вајлд – го достигна второто место на табелата за синглови во Обединетото Кралство, продавајќи три милиони копии, а во 1983 година ја освои наградата за најдобар британски соло изведувач на Brit Awards. .