Традиоционален новогодишен концерт на „Танец“ во Скопје

Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“ вечерва ќе го одржи традиционалниот концерт со кој ја затвора успешната концертната сезона.

На новогодишниот концертот како што најавија од „Танец“ ќе учествува целиот ансамбл во богатат музичко- сценаска програма.

Публиката ќе ужива во познатите сценски постановки на „Кумановка“, „Лазаренки“, „Беранче“, „Раштак“, „Црногорка“, „Пијанец“, „Рудо јагне“, „Калајџиско“ и во изборот на композиции од раскошниот вокално-инструментален репертоар, меѓи кои и сплетот инструментални ора посветени на виртуозот Тале Огненовски, по повод 100-годишнината од неговото раѓање. Танец подготовува и точка-изненадување, која ќе му даде посебна нота на целиот настан.

Изминататата година „Танец“ имаа настапи во регионот, но и во САД и Канада.

Концертот започнува во 20 часот во Националната опера и балет.

Scroll to Top