Ѕвездата од Беверли Хилс Тори Спелинг заврши во болница, а фановите не ѝ веруваат дека е болна

Американската глумица Тори Спелинг заврши во болница. Ѕвездата од „Беверли Хилс“, била хоспитализирана поради вртоглавица, отежнато дишење и зголемен крвен притисок.

Дел од фановите не ѝ веруваат и сметаат дека само глуми колку да не работи ништо. Тори рече дека и направиле неколку прегледи, а на оние кои и замеруваат и ја критикуваат, им порача да покажат малку љубезност.

„Еве ме во болница во доцните ноќни часови. Што велите сите вие кои ме критикувате следниот пат да не ги земате работите здраво за готово и да покажете малку љубезност, наместо да се сомневате. Запомнете дека за луѓето како мене тоа што не работат е ноќен кошмар. Јас сум работохоличар“, рече Тори и додаде дека само сака да се врати дома.

За потсетување, Спелинг минатата година се раздели од сопругот Дин МекДермот, откако го фати како ја изневерува.

„Тору има големи проблеми со довербата. Дел од нивниот однос никогаш не е целосно поправен, откако Дин ја изневери. Живееја одвоено. И понатаму имаат семејни ручеци и повремени излети, но само заради децата“, рече извор за „Дејли Мејл“.

 

 

Scroll to Top