Холивудскиот актер Вил Смит ослабе 14 килограми за улогата на поранешниот роб Питер Смит, која ја игра во новиот филм „Еманципација“.
Тој минатата година објави гола фотографија на Инстаграм и напиша дека е во најлошата форма во неговиот живот.
„Таа фотографија беше почеток на мојата подготовка да ослабам за улогата на Питер. Кога почнав, имав околу 102 килограми, а во филмот стигнав до 88“, изјавил Смит.
Тој објасни дека слабеењето му е важно за да го отелотвори карактерот на поранешниот роб, но и да ги постигне личните цели што си ги поставил.
Оваа улога му е прва на Смит откако го играше таткото на Венера и Серена Вилијамс во „Кралот Ричард“, за кој доби Оскар за најдобар актер.
View this post on Instagram
View this post on Instagram