Премиера на детската претстава „Новогодишен сон“ во Драмски театар

Во Драмски театар Скопје ќе се одржи премиера на претставата „Новогодишен сон“ во соработка со студиото за актерска игра „Прва проба“. Претставата е наменета за најмладата публика во која талентираните деца актери пред своите врсници ќе ја изведуваат оваа новогодишна претстава.

„Преку светкавите костими и оригинални песни децата – актери ќе направат новогодишен амбиент сите деца во публиката насмеани и среќни, со нетрпение и радост да ја дочекаат Нова 2023 година“, велат од Драмски.

„Новогодишен сон“ премиерно ќе биде прикажана на 24-ти декември во 13 часот, а на репертоарот на Драмски ќе биде до 30- ти декември.

Автор е Јулијана Мирчевска, а режисер Зоран Љутков. Костимографи на претставата се Раде Василев и Ратка Џамбазовска-Коцев, а автор на музиката Миодраг Неќак. Улогите ги толкуваат децата од студиото за актерска игра „Прва проба“: Марко – Матеј Настевски, Сонилија – Нина Симјаноска, Кошмара – Саша Димитриевска, Дремко – Бисера Анѓелков / Михаела Костовска, Спанко – Тео Манев, Мрзло – Ина Прокоповска / Елена Кочарева, Куклата Тина – Миа Живковска / Леа Стојков, Цветното војниче – Милош Тепавац, Месечко – Јанис Далајоргос / Илина Ефремова и Новата Година –  Мила Велковска / Летиција Кондратенко.

 

 

Scroll to Top