Шпанскиот актер Антонио Бандерас имаше срцев удар во 2017 година, а денес вели дека од тоа извлекол неколку позитивни заклучоци.
„Сфатив дека тоа е веројатно една од најдобрите работи што ми се случиле бидејќи одеднаш сè стана неважно и она што ме загрижуваше секој ден стана бесмислено. Си помислив: „зошто се оптоварувам кога ќе умрам?“ изјави Бандерас за Page Six. Тој вели дека сега знае дека семејството, пријателите и актерството се многу поважни.
Во тоа време животот му го спасила неговата партнерка Никол Кимпел, кажа Бандерас во едно интервју. Таа брзо реагирала, му дала аспирин, а тој не претрпел долгорочно оштетување од срцев удар.
Антонио Бандерас неодамна во интервју за Vulture изјави дека неговата поранешна сопруга Мелани Грифт се уште е негова најдобра пријателка и дека нема ништо друго освен пофални зборови за неа.
„Не сум во брак со Мелани, но таа сепак е мое семејство. Можам со сигурност да кажам дека таа е мојата најдобра пријателка. Тие се уште се моето семејство – Дакота, Стела и Александар – изјави актерот.
Антонио Бандерас и Мелани Грифит се запознале на снимањето на комедијата Two Much и веднаш почнале да излегуваат. По само неколку недели решиле да се венчаат и истата година ја добиле ќерката Стела. Во претходните бракови актерката ја имаше ќерката Дакота Џонсон и синот Александар Бауер, а Бандерас ги прифати како свои деца. Мелани и Антонио беа во брак 19 години.