Каролина му посвети песна на Масимо Савиќ, а со Дуке и Исмаил направија емотивен концерт за паметење

Каролина Гочева, Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски вчеравечер имаа незаборавен концертот исполнет со многу емоции, на кој се пееа песни за љубов и копнеж.

Сепак, пред самиот почеток на концертот пред да излезат на сцената биле затечени од веста за смртта на Масимо Савиќ, кој во февруари требаше да одржи концерт на истата сцена во Филхармонија. Каролина не криеше дека ја погодила веста за смртта на нејзиниот пријател и пријателот на „Авалон“, па на големиот Масимо му ја посвети емотивната песна „На овој ден“.

Музичкиот времеплов во Филхармонија, беше исполнет со многу емоции и спомени. Македонски евергрини кои враќаат во минатото, во времето кога создавале музика доајените како Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев, Љубомир Бранѓолица, преку музиката на Дуке и Исмаил и гласот на Каролина.

Со силен апауз и „Идила“ на Драган Ѓаконовски Шпато беше отворен концертот, на кој се нижеа „Езеро мое“, „Еден бакнеж“, како и посебната и најдрагата, како што рече Каролина за неа „За нас почнува живот“ од Даниела Панчетовиќ.

Публиката уживаше во убавата енергија, музиката полна со носталгија и љубов која го будеше секој атом на емоција. Дуке како што рече посебно драга песна која му лежи на срце од неговиот татко, Тодор Бојаџиев е „Не ме запирај“.

Најемотивната изведба Каролина ја имаше на неговата авторска песна „Татко“,  на која интимната публиката воодушевено аплаудираше.

11-те песни во аранжман на композицискиот јазик на Дуке преку пијаното, моќниот глас на Каролина и импровизацијата на кларинет на Исмаил, направи овој проект „Песни на љубов и копнеж“ да остане запишан во македонската музичка историја. А првиот концерт од најавени пет да остане запаметен.

Во Филхармонија вечерва треба да се одржат вториот и третиот концерт, како и наредни два закажани веќе за в недела. Концертите се во организација на Авалон продукција.

Фото: Фејсбук Каролина Гочева

 

 

Scroll to Top