Северина позира со синот пред елка за Божиќ, сликата собра 25 илјади лајкови

Хрватската пејачка Северина објави фотографија со нејзиниот син Александар како позираат пред новогодишната елка за Божиќ.

Александар и Северина облечени се во божиќни пижами и со грбот се свртени кон камерата.

„Божиќно утро, сонливо и долго“, напиша Северина.

За помалку од 20 минути фотографијата собра повеќе од 25 илјади лајкови.

Да потсетиме, Северина дури ова лето почна повторно да објавува фотографии со синот.

„Јас и син ми уживаме на прекрасниот остров Врник. На Гугл можете да го видите министерот Божиновиќ како гордо позира со својата внука за Глорија, а исто така и премиерот Пленковиќ со своите деца во Ватикан… Претседателот Милановиќ со своите деца. Тие можат, немаат социјална служба Максимир што вели дека е штетно за децата“, напиша тогаш Северина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Претходно таа на нејзиниот профил на Инстаграм сподели фотографија на која е облечена во бел долг фустан како позира до елката и им честиташе Божиќ на сите нејзини фанови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Scroll to Top