Професор д-р Катарина Колозова, инаку ќерка на актерското дуо Шенка и Ѓорки Колозови според „Академик Инфлуенс“ се најде на 14 -то место на светската листа за највлијателни жени во филозофијата во изминатите десет години.
На листата има 25 имиња на највлијателни жени во филозофијата од најразлични земји од светот. Во текстот за највлијателните 25 жени во филозофијата, за проф. д-р Колозова пишува дека е македонски академик, автор и филозоф.
„Таа е директор и професор по родови студии и филозофија на Институтот за општествени и хуманистички науки, Скопје и професорка на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, Северна Македонија. Таа е поврзана со шпекулативниот реализам и пишувала за не-филозофијата на Франсоа Ларуел и делата на Карл Маркс. Таа е членка на Организацијата Non-Philosophique Internationale, со седиште во Париз, Франција, од основањето“, стои во описот на „Академик Инфлуенс“.