Раперот Мик Мил плати кауција за 20 жени за да ги поминат празниците дома со децата

Раперот Мик Мил ослободил 20 жени за да можат да ги поминат празниците дома, според Алијансата Реформа, организација што ја основал во 2019 година.

Жените биле затворени во поправниот дом Риверсајд во Филаделфија и не можеле да си дозволат кауција, според објавата на Инстаграм на Алијансата Реформа. Пет жени биле ослободени во саботата, а уште 15 ќе бидат ослободени следната недела, соопштила непрофитната организација.

Секоја жена ќе добие и подарок картичка за да купи намирници или подароци за празниците.

„За мене беше поразително да бидам далеку од мојот син за време на празниците додека бев во затвор, така што разбирам низ што минуваат овие жени и нивните семејства“, рекол раперот.

„Никој не треба да ги поминува празниците во затвор само затоа што не може да си дозволи кауција и ниту едно дете не треба да остане без родител во тој период. Благодарен сум за можноста да им помогнам на овие жените да бидат со своите семејства и најблиските во овој посебен период од годината“, додадл раперот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robert Rooks (@rdrooks)

Scroll to Top