Фудбалерите на екипата на Гостилница „Кај Џек“ од Скопје, откако го освоија турнирот „Свети Никола 2022“ во мал фудбал, ја исчистија салата во Прилеп.
Играчите по примерот на Јапонците на Светско во Катар, ги исчистија трибините во основното училиште „Добре Јованоски“.
Фановите ги пофалија и им дадоа убави коментари дека се пример за тоа како треба да се однесуваат сите спортисти.