Маж за Божиќ ѝ даде на келнерка бакшиш од 1.000 долари

Кали Блу од Висконсин се пофали дека за Божиќ заработила 1000 долари бакшиш од само еден клиент. На почетокот мислела дека се шегува, но Мајкл Џонсон, кој бил претседател и извршен директор на локален клуб за момчиња и девојки од округот Дејн, оставил белешка и ѝ се заблагодарил што работела за празник.

„На почетокот не можев да поверувам дека ова ми се случи. Секогаш кога ќе видите видеа и ќе слушнете за некој друг, никогаш не мислите дека тоа може да ви се случи и на вас. Беше возбудливо“, рече Блу.

Џонсон објасни дека со неговата организација успеал да собере над 100.000 долари и дека досега на петчлено семејство им подариле нов автомобил, им подариле бакшиш на уште неколку келнерки, за 50 семејства им обезбедиле купони за пазарење и играчи за 600 деца во нивната област.

„Парите ги собиравме преку социјалните мрежи, а преку препораки одлучивме на кого да ги подариме“, рече Џонсон и објасни дека сакал да направи позитивна промена во животот на луѓето.

„Како мал не бев голем обожавател на Божиќ, затоа што семејството не можеше да дозволи да го прослави како што треба“, рече Џонсон и додаде дека барал луѓе кои сакале да бидат дел од кампањата на клубот Pay It Forward. Досега нашол двајца донатори кои донирале 5000 долари само за бакшиш.

 

 

Scroll to Top