Со татко ми ме врзуваат убави сеќавања и го сакам тоа и за моите деца, но тоа со Канје е невозможно, рече Ким

Ким Кардашијан во подкастот на Енџи Мартинез се пожали дека ѝ е тешко да ги одгледува децата заедно со бившиот Кание Вест. „Многу е тешко“, рече Ким и објасни дека направила сè за да ги заштити од неговото контроверзно однесување. Раперот го следеа негативни скандали поради антисемитските изјави.

„Имав одличен однос со татко ми за кого ме врзуваат убави сеќавања. Сакам тоа да го имаат и моите деца“, рече Ким и додаде дека е подготвена да им одговори на нивните прашања за јавните настапи на Вест.

„Од мене никогаш нема да слушнат лоши зборови за Кание“, рече Ким и додаде дека еден ден ќе им бидат благодарни за тоа.

„Еден ден децата ќе ми бидат благодарни што не сум зборувала лошо за татко им, иако имав многу што да кажам“, рече Ким.

За потсетување Ким и Кание се венчаа во 2014 година, а се разведоа во 2021 година. Во бракот добија четири деца Норт, Саинт, Чикаго и Псалм.

 

Scroll to Top