Американскиот град Орландо е прогласен за град од кој се разочарани најмногу туристи, ова го покажа истражувањето на „Радикал Сториџ“. Компанијата во истражувањето вклучила повеќе од 826.000 прегледи на Трип Адвајзер и врз основа на нив заклучила дека овој град на Флорида е најголемото разочарување за туристите.
„Радикал Сториџ“ прегледа сто најпопуларни туристички градови во светот за да открие каде туристите најчесто го доживуваат таканаречениот париски синдром. Тоа е психолошка состојба во која посетителите на премногу идеализираните дестинации се разочарани кога ќе се соочат со реалноста на тој град или место.
Се покажа дека Орландо е најнегативно оценет град. Орландо беше прегледан од над 9000 луѓе. Една од петте критики беше негативна. Искуството во тој град го опишаа како страшно, а жителите како груби. Инаку, Дизни Врлд се наоѓа во Орландо.
Списокот на 10-те најголеми разочарувања за туристите изгледа вака:
1. Орландо, САД
2. Џакарта, Индонезија
3. Патаја, Тајланд
4. Денпасар, Индонезија
5. Гуилин, Кина
6. Јоханесбург, Јужноафриканска Република
7. Да Нанг, Виетнам
8. Ха Лонг, Виетнам
9. Шенжен, Кина
10. Пекинг, Кина