Принцот Хари во мемоарите ќе открие непознати детали за смртта на принцезата Дајана

Принцот Хари во недела ќе ги објави мемоарите во кои ќе открие непознати детали за смртта на неговата мајка, принцезата Дајана. Хари ќе ја објави книгата Spare која ќе излезе за четири дена, а по тој повод направи и две интервјуа со водителите Том Бредби и Андерсон Купер кои исто ќе бидат објавени во недела.

Во разговорот со Бредби кој е поранешен кралски дописник, зборува за семејните односи и открива непознати детали за смртта на Дајана, а со водителот на „CBS News 60 Minutes“, раскажа дека бил изневерен од подметнувањето лажни приказни кои се ширеле против неговата сопруга Меган Маркл.

„Семејното правило е никогаш да не се жалиме и да не објаснуваме. На пример, ќе разговарам со некој новинар, а тој буквално ќе ја добие информацијата на лажица и ќе го напише текстот. На крај ќе напише дека побарал коментар од Бакингемската палата. Но во последните шест години од палатата ќе ни кажеа дека не можат да дадат изјава за мене и Меган за да не заштититат. Но во исто време даваа за другите членови на семејството. На крајот таквата тишина од палата почнавме да ја чувствувам како предавство“, рече Хари.

 

Scroll to Top