Селена Гомез Новата година ја прослави на јахта во Лос Кабос во Мексико со пријателите Бруклин Бекам и неговата сопруга Никола Пелц. Сликајќи се во купаќи, пејачката на фановите им ја покажа и новата тетоважа на лактот на која пишува „Анѓел“.
За потсетување неодамна го објави и документарецот My mind And Me, во кој зборува за кариерата, нејзината болест и врската со Џастин Бибер. Пејачката боледува од автоимуна болест лупус и биполарно растројство и тогаш рече дека пејачката Тејлор Свифт и е единствената пријателка во светот на музиката.
„Никогаш не се вклопив во групата славни девојки. Моја единствена пријателка во музичката индустрија е само Тејлор“, рече Селена, а фановите и замерија дека заборавила да ја спомене и нејзината пријателка Франција Рајс, која пред неколку години ѝ донираше бубрег.
View this post on Instagram
View this post on Instagram