Висечки шатори за кампување меѓу планини, идеја за развој на локален туризам во Шаржа

Во Обединетите Арапски Емирати во планините на градот Шаржа се нуди авантура во туристичкото одморалиште кое е комбинација на возбудата за да се биде на отворено со удобноста и луксузот на модерното сместување.

Ardh Architects во соработка со Управата за инвестиции и развој на Шаржа го замислија ова пловечко светилиште како место кое ќе го оживее локалниот туризам, ќе ги истакне природните убавини и ќе ја подигне свеста за зачувување на животната средина. Во него треба да уживаат сите љубители на престојот на отворено во планините.

Ardh Architects дизајнирале проѕирни капсули кои личат на шатор, кои висат меѓу карпите, опремени со сите потребни капацитети за престој во природа. Објектите се поставени на идеален начин за одмор, истражување, како и за качување и планинарење.

Искуството од престојот во ова единствено концептуално засолниште би им овозможило на сите заинтересирани да учествуваат во локалната култура и да купат рачно изработени сувенири, да вкусат локални специјалитети и да уживаат во природните убавини.

 

Scroll to Top