Пред да ги објави мемоарите во новата книга Spare која треба да излезе во недела, принцот Хари во последното интервју зборуваше за расправиите со Вилијам. Рече дека брат му физички го нападнал и го турнал на земја, а причината била неговата сопруга Меган Маркл.
Инцидентот се случил во 2019 година, во неговиот дом во Лондон. Вилијам ја нарекол Меган дрска и безобразна, а потоа го фатил Хари за јака и го бутнал на земја. Од нападот заработил модрици на грбот.
За потсетување, Хари во последниот период имаше две интервјуа, едно со Том Бредби, поранешниот кралски дописник и Андерсон Купер во емисијата CBS News 60 Minutes. Двете интервјуа треба да излезат во недела, а веќе во јавноста е познато за што Хари зборувал во нив.
Во разговорот со Купер, Хари ќе открие дека бил изневерен со протекувањето и подметнувањето на приказните против него и неговата сопруга, а во интервјуто со Бредби, зборува за семејните односи и непознати детали за смртта на принцезата Дијана.